Храмот ”Света Троица” и придружните простории ќе добијат нов лик (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Православниот црковен храм ”Света Троица” во Куманово се реновира, соопшти денес Отец Игор Здравковски, лице за односи со јавноста во Кумановско – осоговската епархија.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”55″]

 

Изграден во почетокот на 20-тиот век, храмот ”Света Троица” после подолг временски период, ќе биде целосно реновиран, со инсталирана гасификација, вели Отец Здравсковски.

– Во првата фаза започнавме со реновирање на црковната камбанарија, изолација на собите за крштевање и нова фасада на помошната зграда, вели Здравковски.

Етапно, како што нагласи Здравковски, ќе се започне и со реновирање на екстерното уредување на храмот, т.е поставување на нов мермерен под, менување на прозори, замена на столиците за седење, при што, со менување на дотраените седишта, ќе започне и поставување на радијатори за централно греење, овозможено преку проектот за гасификација на Куманово.

Loading...

Leave a Reply