Хотел отворен во 717. година сè уште работи: Го воделе 46 генерации (видео)

Сподели со своите пријатели

Судејќи според најновите трендови се поголема е побарувачката за поедноставно сместување. Статистиките на „Airbnb“ покажуваат дека се почесто се бара куќа на дрво, како и сместување во средновековни дворци, колиби во дивинат аи шатори кои традиционално ги користат номадите во степите на средишна Азија.

Во Јапонија се се попопуларни рјоканите, традиционални преноќувалишта чија традиција ги влече корените уште од 8. век. Типично јапонското сместување се наошало покрај најважните сообраќајници каде патниците би можеле да се освежат и да преспијат.

Чести гости биле самураите, кои, освен кревет и храна, опуштање барале во топли базени – онсени. Јапонија денеска има рјокани кои варираат од семејни хотелчиња од неколку соби до зданија кои изгледаат како палати со велнес центри.

Во нив се спие на татамии (подлога од оризова слама, гума или синтетика) и футоними.

Loading...

Миншука е помала луксузна верзија на рјокан па со самото тоа е и поевтина. Еден од првите хотели во светот е преноќувалиштето „Нишијама Онсен Кејункан“ кое е отворено во 705. година.

Хоши рјокан во градот Коматсу е отворен во 717. година, па според Гинисовата книга на рекорди претставува најстар хотел кој и натаму работи. Дури 46 генерации исто семејство го воделе бизнисот.

Хотелот има стотина соби, два затворени термални базени, како и два надворешни кои се одвоени за жените и мажите.

Гостите добиваат јуката, односно посебно кимоно на користење за да престојот крај базенот им биде што поудобен.

https://youtu.be/-DQnqHWBlyA