Хорор во Ротердам: Бебе оставено во автомобил, починало од жештина

Сподели со своите пријатели

Случајни минувачи во понеделникот околу 17 часот забележале Ауди Q2 со белгиски таблички во индустриската зона во Ротердам. Забележале дека во автомобилот има бебе.

Loading...

Надвор имало 25 степени целзиусови, а прозорците на возилото биле затворени. Очевидци велат дека малото момче седело на автомобилско седиште на задното седиште.

Тие повикале полиција која ја скршила шофершајбната.

– Нашите полицајци го пронајдоа детето живо, но беше во многу лоша состојба и веднаш повикаа брза помош – изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Билд.

На терен излегле три возила за итна помош и еден хеликоптер.

Лекарите се обиделе да го спасат бебето, но за жал не успеале.

Полицијата истражува колку долго бебето било во автомобилот.

За еден час температурата во возилото може да се искачи на повеќе од 50 степени целзиусови.

Loading...

Полицијата набрзо приведе маж чија врска со детето се уште не ја откриваат, додека некои медиуми јавуваат дека тој е таткото.

Полицијата го пребарала возилото и внатре пронашла пакети и рамки за слики.

– Вакво нешто во животот не сум доживеал, толку мало бебе, голема трагедија – изјави сведокот.