Поголема количина на прехрамбени и непрехрамбени производи биле украдени утрото на 6-ти овој месец во Транзитниот центар Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Производите биле украдени од страна на Л.М. и Н.Ѓ. кои во Транзитниот центар биле вработени како хигиеничари. Случајот бил пријавен и во полиција при што украдените производи со потврда за вратени работи, потвторно биле доставени назад во кампот.
Засега нема информации дали хигиеничарите кривично ќе одговараат.