Хеликоптерска несреќа во Мексико: Петмина загинати, меѓу кои и министер

Сподели со своите пријатели

Како што пренесуваат мексиканските медиуми, неколку минути по полетувањето, хеликоптерот се урнал во празен простор покрај патот во градот Хесус Марија во државата Агуаскалиентес.

Loading...

Во несреќата загинаа пет лица, меѓу кои и министерот Санчез кој исто така беше во хеликоптерот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека хеликоптерот се запалил веднаш по падот.

Гувернерката Тереза ​​Хименез изјави дека се ќе биде многу појасно по истрагата за несреќата.

Покрај Агенцијата за цивилно воздухопловство, опсежна истрага за падот на хеликоптерот покрена и државното обвинителство.