Хамас предаде двајца заложници на Црвениот крст во Кан Јунис: Се очекува ослободување на третиот

Сподели со своите пријатели

Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис, Газа, а третиот се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.

Loading...

Израелската војска објави дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас им ги предал заложниците Јарден Бибас и Офер Калдерон.

Црвениот крст сега треба да ги доведе до силите на ИДФ и Шин Бет во Појасот Газа и потоа ќе бидат евакуирани од палестинската енклава под придружба, пишува Тајмс оф Израел.

Претставник на израелската безбедност денеска за израелските медиуми изјави дека ослободувањето на тројцата израелски заложници се очекува да започне во 8:30 часот по локално време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

Тројцата заложници кои Ханас ќе ги ослободи се Офер Калдерон (54), Кит Сигел (65) и Јарден Бибас (35), пишува Тајмс оф Израел.

Предвидено е тие да бидат ослободени од две различни локации во Појасот Газа.

Официјалното лице нагласи дека времето на објавување може да се промени.

За возврат, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во согласност со примирјето меѓу Израел и Хамас.

Loading...