Хакирани неколку владини сајтови. Дали започна одмаздата на ИСИС?

Сподели со своите пријатели

Според неколку македонски интернет портали, хакирани биле сајтовите на јавното обвинителство, министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и сајтот е-трговија.

Loading...

Најверојатно се работи за поголем хакерски напад од страна на “sumedang cyber team” кои се претставуваат преку полското знаме, пренесува Канал 5.

Наместо бараните сајтови, се појавува слика со натпис “kissed by ustadcagе“.Кога оваа фраза ќе ја внесете во интернет пребарувачите ќе ви излезат информации што ја поврзуваат со исламска пропаганда, со што постојат сомневања дека ова можеби е одговор на исламската држава за полициската акција „Ќелија“.Сајтовите сега се вратени во нормална функција, а хакерискиот напад е отстранет.