Хабек: Мораме да се подготвиме за намалени испораки на гас

Сподели со своите пријатели

Германија има добри шанси да ја преброди зимата без воведување драстични мерки, но секако дека се соочува со тешки времиња и мора да се подготви ако Русија да го намали снабдувањето со гас, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Loading...

„Ни претстои уште критична зима. Мораме да очекуваме дека Путин дополнително ќе го намали снабдувањето со гас“, рече Хабек за германскиот јавен сервис АРД за време на неговата посета на Канада.

Хабек е во тридневна посета на Канада заедно со канцеларот Олаф Шолц, објави Ројтерс.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари