Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска по повод посетата на самитот на БРИКС во Казан, Русија, изјави дека сите самити „помагаат во решавањето на глобалните проблеми“, пренесува Танјуг, белорускиот портал Некста.
„Имав можност да го посетам Казанскиот Кремљ, тој е како прекрасно светско чудо. Верувам дека сите самити на кои земјите се обединуваат се од клучно значење бидејќи помагаат во решавањето на глобалните проблеми“, рече тој.
Од 22 до 24 октомври во Казан се одржа самит на лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка), на кој присуствуваше и Гутереш, во неговата прва посета на Руската Федерација по повеќе од две години.
Осуди од Киев
Украинското Министерство за надворешни работи ја осуди ваквата одлука на генералниот секретар и додаде дека Гутереш му штети на угледот на ОН.
Претходно, заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак изјави за новинарите дека патувањето на Антонио Гутереш во Русија на самитот БРИКС во Казан е „стандардна практика“ и дека во исто време, ставот на генералниот секретар на ОН во однос на руската војната против Украина останува непроменета.
На самитот Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека на светот му е потребен мир во Украина, Газа, Либан и Судан.