Гугл започнува да ја наплаќа една од најкористените функции

Сподели со своите пријатели

Уште во април, Гугл објави дека својата платформа за видео разговор Google Meet ја нуди на корисниците бесплатно, но само до крајот на септември.

Loading...

Како што велат, тие не се откажале од планот, па отсега оваа опција ќе биде ограничена.

Имено, по 30 септември, Meet ќе може да се користи бесплатно, но само до 60 минути. До сега, секој што имаше профил на Google можепше да започне состанок со најмногу 100 луѓе бесплатно, без никакви ограничувања.

Во исто време, некои напредни опции G Suite и G Suite for Education исто така нема да бидат достапни.

Меѓу другото, ова беа состаноци за до 250 корисници, преноси во живо за до 100.000 луѓе од еден домен, како и можност за снимање на состанокот на Google Drive. Овие услуги сега ќе чинат 25 долари месечно.

Google Meet и другите слични платформи за видео конференции мораа да најдат начин да се справат со Zoom, што го користеа до 100 милиони луѓе дневно за време на пандемијата.

Leave a Reply