Гром запали 500 бали слама во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Плевна со околу 500 бали слама вчера изгорела во селото Добрача во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Пожарот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, избувнал по удар на гром во плевната.

Интервенирале двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане во период од 18:15 до 21:50 часот кога пожарот бил ставен под контрола.

Од друга страна кумановските пожарникари бележат исто така една интервенција и тоа на запален смет кај месноста „Туш маркет“ на улицата „Ѓорче Петров“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела