Грета Тунберг се соочува со шест месеци затвор

Сподели со своите пријатели

На климатската активистка Грета Тунберг ќе ѝ се суди во јули под обвинение за „непослушност на полицијата“ за време на протестите, соопштија шведските обвинители.

Loading...

Тунберг се приклучи на групата млади демонстранти кои блокираа танкери со нафта во пристаништето Малме во јуни.

Полицијата соопшти дека таа одбила да замине кога тоа и било побарано. Таа може да се соочи со затворска казна до шест месеци или парична казна, пренесува Би-Би-Си.

Нејзиниот претставник изјави за Би-Би-Си дека Тунберг не е достапна за коментар.

Групата Ta Tillbaka Framtiden или Reclaim the Future го блокираше пристаништето Малме шест дена во јуни.

Некои демонстранти се качија на танкери со нафта, соопшти групата.

„Климатската криза веќе е прашање на живот и смрт за безброј луѓе“, напиша Тунберг на Инстаграм во јуни кога се приклучи на протестот.

„Решивме да не бидеме случајни минувачи и наместо тоа физички да ја запреме инфраструктурата за фосилни горива“, додаде таа.

Loading...

„Обвинителот поднел обвинение против млада жена која учествувала во климатските демонстрации на 19 јуни годинава, што, според обвинителството, предизвикало прекин на сообраќајот во Малме“, соопшти шведското државно обвинителство.

„Жената одби да ја послуша полициската наредба да го напушти местото на настанот“, се додава.

Тунберг треба да се појави пред судот на 24 јули, заедно со уште тројца демонстранти.