Грешки, презимиња и акроними се имиња на дел од најпознатите компании

Сподели со своите пријатели

Креативноста и едноставноста на некои од најуспешните брендови се она што ги прави препознатливи. Сепак, начините на кои некои ги добиле своите имиња се поинтересни отколку што може да се мисли.

Loading...

Гугл – грешка во пишување

Сите знаеме за најголемиот и можеме слободно да кажеме највлијателниот пребарувач во светот. Но, како „Гугл“ го добил своето име?

Image by Simon Steinberger from Pixabay

Кога биле во првата година на студии на универзитетот Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин веќе имале име за нивната потенцијална фирма. Тоа име беше „Googol“ заради зборот „гугол“ што означува број.

Но, Пејџ го напишал погрешно тој број и наместо „googol“, тој напишал „google“. Останатото, како што велат, е историја.

ИКЕА – скандинавска енигма

Loading...

Основана во 1943 година, кога нејзиниот основач имал само 17 години, ИКЕА еволуираше од компанија која продава сите видови на производи до една од најпознатите компании во светот.

фото: Википедија

Сепак, оние што не зборуваат шведски отсекогаш се прашувале што точно значи ИКЕА на тој јазик.

Името е акроним за првите две букви од името на основачот Ингвар Кампрад, фармата на која тој пораснал: „Elmtaryd“ и градот во јужна Шведска каде се наоѓала фармата: Агунарид.

Пепси – пијалок за варење

Како и повеќето слични пијалоци, Пепси првично се продавал како лек за варење. Сепак, пијалокот бил толку популарен што лекарот што го подготвил решил да го промени името од „пијалокот на Бред“ во „Пепси кола“.

Денес е еден од најпознатите пијалоци во светот.

Loading...

Image by Pascua Theus from Pixabay

Мекдоналдс – Основачи на брзата храна

Претприемачот Реј Крос е заслужен за проширување на самата франшиза, но името потекнува од презимето на основачот на брза храна Морис и Ричард Мекдоналд.

Првиот ресторан на Мекдоналдс беше отворен во 1948 година, а на менито имаше само неколку јадења. Сепак, браќата Мекдоналд, наскоро, го стандардизирале процесот на подготовка и продажба на храна што била многу успешна и им дозволило да ги продаваат менијата по пониски цени.

Наскоро тие ја прилагодиле и архитектурата на ресторанот кон оваа стандардизација, што е причина за познатите златни лакови кои ги украсуваат нивните ресторани.

Фото: Википедија

Loading...

Зара – кога инспирацијата доаѓа од филмот

Кога тајкунот Амансио Ортега размислувал како да ја нарече својата компанија, тој првично помислил на франшизата да и го даде името „Зорба“, по ликот од филмот „Грк Зорба“, бидејќи тој бил голем обожавател на филмовите на Антонио Квин.

фото: Википедија

Сепак, непосредно пред да ја отвори првата продавница, тој сфатил дека се наоѓа веднаш до кафетерија со истото име. Затоа Ортега го зел знакот со името на продавницата, ја додал буквата „а“ и ја заменил буквата „б“, пишува порталот Brightside.

Лидл – Според поранешен деловен партнер

Loading...

Лидл го добил името така што основачот Шварц (Schwarz) ги купил правата компанијата да го носи името на неговиот поранешен деловен партнер, чие име било Лидл. Неговото презиме, патем, значи „црно“.

Image by Frauke Feind from Pixabay

Leave a Reply