Грчкото обвинителство отвори истрага против Каили за корупција

Сподели со своите пријатели

Грчкото финансиско обвинителство отвори прелиминарна истрага против грчката пратеничка во Европскиот парламент во затворот во Белгија Ева Каили за корупција и перење пари, соопштија извори блиски до тамошните правосудни органи.

Loading...

„Финансискиот обвинител Христос Бардакис нареди отворање истрага (против Ева Каили) за поткуп и перење пари“, во соработка со белгиското правосудство, кое го истражува поранешниот потпретседател на Европскиот парламент како дел од наводно корупциски скандал поврзан со Катар.

Бардакис им наредил на двајца помошници обвинители да го истражат случајот и побарал правна помош од Белгија за да добие копии од документите поврзани со случајот Ева Каили, велат истите извори.

Сепак, грчките обвинители мора да ги почекаат резултатите од тековната истрага во Брисел пред да продолжат со можното отворање на кривичната постапка во Грција.

Ева Каили (44) е осомничена дека примила поткуп од катарските власти, кои го организирале Светското првенство, за да ги брани нивните интереси.

Таа се изјасни за невина, додека нејзиниот адвокат рече дека не знаела за големата сума на пари пронајдена во нејзиниот дом во Брисел.

Ева Каили треба да се појави пред белгискиот суд во среда, на 22 декември.