Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска стана магистар, откако го одбрани трудот на тема „Улогата на локалната самоуправа во услови на вонредна и кризна состојба со осврт на епидемија во Општина Куманово”.
– Овој труд е сублимат на пракса и теорија во делот на менаџирањето на кризата со епидемија, истиот ги нотира сите позитивни активности но и пропустите во делот на менаџирањето со кризата, постапките и недостатокот на позитивните законски прописи во брзо разрешување на кризните состојби, вели Димитриевски.
Тој изрази надеж дека овој труд ќе даде свој скромен допринос во разработка на проблематиката и развојот на наставно научната теорија во оваа област со цел да се имплементираат идни подобри законски решенија кои ќе ги превенираат понатамошните предизвици и ризици во државата и општеството.
Никола Ивановски