Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Сподели со своите пријатели

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлична атмосфера на концертот по повод 11ти Ноември (ГАЛЕРИЈА)

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.