Голем пожар во Руѓинце: Гореа ниска и мешана шума

Сподели со своите пријатели

Ниска и мешана шума гореше во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Руѓинце во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот вчеравечер бил локализиран.

Во гаснење на истиот учествувале осум пожарникари со три возила од ТППЕ Старо Нагоричане, двајца пожарникари со едно возило од Ранковце, како и шестмина пожарникари со две противпожарни возила од Куманово.

Пожарот бил ликвидиран некаде околу 20 часот вчеравечер, но една екипа пожарникари од Старо Нагоричане дежурала на терен цела ноќ.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски