Голем народен собир на опозицискиот фронт во Скопје (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Дојдовме по нашето, дојдовме по нашата иднина!

Loading...

unnamed

Со овие зборови, денес пред насобраните граѓани се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој од бината поставена пред Владата на РМ испрати порака дека протестот во Скопје, нема за цел да ја земе власта, туку слободата.

– Испраќам конкретна и јасна порака, во име на сите нас овде: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, присутни од сите етнички заедници во Македонија, од различни страни на Македонија, од различни граѓански здруженија, организации, сојузи, од различни политички партии и со различни политички определби: Груевски, не одолговлекувај! И самиот гледаш, заврши твоето!

На денешниот собир, до граѓаните се обрати Студентскиот Пленум, новинари, професори, активисти на граѓански здруженија, пратеници од Европскиот Парламент, како и претставници на сестрински партија од странски држави.

Во текот на говорот на Заев, присутните оддадоа почит кон осумте загинати припадници на безбедносните сили во борбите во Куманово.

Големиот собир на СДСМ траеше до 18 часот, со што многу присутни граѓани останаа да кампуваат пред Владата на РМ каде како што велат ќе останат се до оставка на Никола Груевски.

Loading...

Денес од Куманово кон Скопје се упатија повеќе од 60 автобуси, 30 комбиња и многу приватни автомобили, односно блиску 3000 членови и активисти на ОО на СДСМ Куманово.

foto14

На денешниот протест присуствуваа граѓани од сите националности, кои заеднички вееја знамиња на Албанија, Турција, Србија и Босна, додека од бината се слушаа говори на македонски, албански и англиски јазик.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *