Животното кое го растажи целиот свет, а чија фотографија на социјалните мрежи беше споделена над 40 илјади пати е направена од Германката, Керстин Лангенберг.
Loading...
Норвешката поларна мечка е ранета во текот на лов и повеќе не е во можност сама да дојде до храна поради што би можела многу бргу да почине.
Изгладнета е, а има и ранета нога. Така слаба и исцрпена веројатно нема да преживее уште многу долго.
- Таа фотографија ја отсликува ситуацијата во која се наоѓаат поларните мечки и докажува дека глобалното затоплување и топењето на ледот влијае на нивниот живот – вели Лангенберг.
Од друга страна, Иан Стилингс од Универзитетот во Алберта (Канада) вели дека глобалното загревање не можеме нужно да го кривиме за проблемите со кои поларните мечки се среќаваат.
- Можеби мечката од фотографијата едноставно е стара и болна. Можеби е болна поради повредата на ногата, но не можеме да заклучиме дека топењето на ледот е виновно за тоа што се случило. – вели Стирлинг.
Како и да е, заклучокот јасно можеме да го донесеме сите, со оглед на фактот дека ледот на половите постојано се намалува.