Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска заедно со службеникот за млади Мартин Крстиќ учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина каде присуствуваа 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, по повод одбележување 15. Ноември 2022 – Денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе.
Делегацијата од Македонија беше сочинета од градоначалниците од општините Валандово и Дебар, претставници од општина Куманово, службеници за млади од општините Центар, Куманово, Дебар и Валандово и на граѓанската организација ARNO.
Регионалниот форум е во организација на УНФПА, а целта е размена на информации за политиките и развојот за младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општествата.