Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчерашниот митинг на ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово беше момент на масновно изразување на народната волја, рече денеска Ивана Гиновска, кандидат за пратеник од изборната единица 2.

Loading...

– Вчерашниот митинг на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, не беше само настан, туку момент на масовно изразување на народната волја. Преполниот градски плоштад беше исполнет со одважни, достоинствени и храбри граѓани кои испратија јасна порака – Македонија сака промени. Изборното востание тргна тука од Куманово и победата на граѓаните и движењето ЗНАМ ќе биде потврдена на 24ти април и 8ми мај во цела Македонија, рече Гиновска.

 

 

Мисијата е, потенцираше таа, создавање демократија која вреднува секоја поединечна мисла и идеја.

– Нашиот кандидат за претседател Максим Димитриевски и носителите на шесте изборни едници јасно ја претставија нашата визија и планови за иднината на Македонија. Овие планови се креирани врз основа на потребите на грѓаанинот, затоа што ова е движење од граѓаните, од нив и за нив. За разлика од многу други собири, на нашиот митинг немаше автобуси полни со луѓе донесени од други градови. Без никаков притисок граѓаните се одважија, кумановци сами одлучија да присуствуваат и да го кажат својот став, изјави Гиновска.

Според неа, тоа е доказ дека „Движењето ЗНАМ е искрено поддржано од граѓаните кои се залагаат за правда, транспарентност и принципиелност“.

Loading...

– Секој граѓанин заслужува да живее во земја каде дадениот збор значи нешто, каде ветувањата не се само празни зборови, туку дела. Нашата борба против сегашните несоодветни политики не е само борба за промена туку за темелна трансформација на нашето општество. Ние продолжуваме со силна енергија се до конечна победа, рече кандидатката за пратеничка Ивана Гиновска.

Таа упати благодарност на граѓаните на Куманово за вчерашното масовно присуство на митингот на ЗНАМ и упатената поддршка.

Никола Ивановски