Гиновска: Имаме примарна цел да го подобриме животот и стандардот во Македонија

Сподели со своите пријатели

„Примарна цел е да го подобраме животот и стандардот на живеење во Македонија“, рече на денешната прес конференција Ивана Гиновска, кандидат за пратеник од Движењето ЗНАМ „За наша Македонија“.

Loading...

Како што рече Гиновска, визијата на ЗНАМ – За наша Македонија, е создавање инклузивно општество каде секој има еднакви можности за напредок.

– Секој човек е подеднакво важен, без разлика на својот пол, професија, етничка заедница или религија. За да го постигнеме тоа, ќе се обидеме да ги поддржиме истражувањата и иновациите во образованието, да ја заштитиме животната средина и да развиваме одржливи економски можности. Во својата амбициозна мисија за подобрување на стандардот на живеење во нашата Македонија, партијата ЗНАМ предлага конкретни чекори за насочување на иднината, рече таа.

Гиновска претстави дел од чекорите кои, како што рече „ќе ги превземеме со најголема посветеност да го подобриме стандардот на живеење за сите граѓани“.

Меѓу примарните цели што ги посочи се образованието, економијата, животната средина и здравството.

– ЗНАМ се залага за инвестирање во образованието, осигурувајќи пристап до висококвалитетно образование. Ова вклучува програми за стипендии и поддршка за студентите. Поддржувајќи ги малите и средните претпријатија, ќе создадеме повеќе работни места и инвестиции во различни сектори, што ќе допринесе кон економски раст и стабилност. ЗНАМ ќе ја поддржува инклузивната и одржлива заштита на животната средина, со инвестирање во обновливи извори на енергија и превенција на загадувањето на околината. ЗНАМ се обидува да го подобри пристапот до здравствена заштита и да го зголеми квалитетот на здравствените услуги, осигурувајќи болничка заштита и лекарска помош за сите граѓани, потенцираше Гиновска.

Намерата, вели таа, е да се подобрат условите за живеење, со поддршка на малите и средни претпријатија и да се создаде можност за вработување на сите.

– Со вашата поддршка и вашиот глас, можеме заедно да ја изградиме нашата иднина. Ви благодарам на поддршката, истакна Гиновска.

Loading...

Никола Ивановски