Гимназијалците однесоа подароци за жените од Домот за стари лица во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ денеска однесоа подароци за жените штитенички на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.

Loading...

 

 

Учениците кои се дел од волонтерската група на училиштето претходно собрале донации од нивните соученици и наставници и купиле цвеќе по повод утрешниот Ден на жената, кое штитеничките на Домот за стари лица подоцна ќе го засадат во дворот на институцијата.

 

 

Loading...

Како што вели наставничката Ангела Петковска идејата била младите да донесат ведрина и да искажат внимание на повозрасните.

– Купивме цвеќе, децата дојдоа со свои лични творби со кои учествуваат на литературни конкурси и имаат освоено награди, па сакаат својот талент да го споделат со нив, затоа што и овде разбравме дека има госпоѓи што пишуваат поезија, а сите жени се цвеќарки по природа и пролет е точно убаво време кога може тоа што ќе го добијат од нас да си го засадат тука и да им остане како спомен, изјави Петковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тинејџери од Куманово, нападнале 18-годишник

 

 

Гимназијалната Викторија Митревска порача дека не само за осми март, туку жената треба да се слави секој ден и да ѝ се пружа вниманието кое го заслужува.

– Неизмерно сум среќна што дојдовме до оваа идеја, да дојдеме тука да ги израдуваме најстарите дами, оние кои всушност се нашето минато и за кои треба да имаме најголем почит и треба да сме тука секојдневно. Сите што ги имате вашите баби искористете го утрешниот ден и секој нареден ден да бидете тука за нив, тоа им е најпотребно, вели Митревска.

 

Loading...

 

Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски вели дека е важно што училиштата и локалната заедница не ги забораваат возрасните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци пријавиле дека биле претепани од неколку лица

– Добро е што сме и во мислите на најмладите и како институција ќе се трудиме и натаму да бидеме и ведри и да носиме радост и активности и да биде исполнет денот за нашите корисници и престојот во самата институција, изјави директорот.

 

 

Инаку, околу педесет ученици членуваат во волонтерската група на Гимназијата кои досега имаат учествувано и во акции за пошумување, но и во предновогодишна акција за подготовка на пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови за мотоцикли, облека, обувки и вино запленети на Табановце

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...