Гибралтар продаде јахта на руски олигарх

Сподели со своите пријатели

Непознат купувач платил 37,5 милиони долари на аукција за луксузната јахта на рускиот олигарх Дмитриј Пумпјански, објави судот на британската територија Гибралтар.

Loading...

Аксиома, долга 73 метри, е првата јахта на олигарх што е продадена како резултат на санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина, според локалниот весник Гибралтар Хроника.

Јахтата пловела под малтешко знаме, а била конфискувана на барање на американската банка ЈП Морган, која побарала исплата на заем од 20,5 милиони долари од компанијата на Дмитри Пумпјански.

Банката побарала исплата на кредитот бидејќи Пумпјански бил вклучен во списокот за санкции на Европската унија и Велика Британија, а неговиот имот бил замрзнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Купувачот остана анонимен, а неговата понуда била највисока од 63-те поднесени до 23 август, објави британската аукциска куќа.

Судот се согласи да плати дополнителни 505.000 евра за опремата на бродот, како и за собирање на вино и алкохолни пијалоци на бродот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.