Германскиот претседател ја откажа посетата на Киев

Сподели со своите пријатели

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја откажа планираната посета на Киев во четврток поради безбедносни причини, соопшти во средата неговиот кабинет.

Loading...

Официјален претставник од неговиот кабинет изјави дека безбедносните власти во Германија и Министерството за надворешни работи го советувале Штајнмаер да не оди и дека посетата ќе биде презакажана.

Претседателот во Германија има главно почесна улога.

Тој планираше да ја посети украинската престолнина во април, но Киев првично го одби поради блиските односи со Русија во минатото.

Во меѓувреме, дипломатскиот спор е решен.