Германската полиција уби маж кој со нож напаѓал луѓе додека извикувал Алаху Акбар

Сподели со своите пријатели

Германската полиција уби маж кој со нож нападнал минувачи на железничката станица во Ансбах.

Loading...

Според печатот, тој со нож нападнал двајца патници, а претходно со нож во рацете се шетал по паркингот на станицата.

Случајни минувачи повикале полиција, која брзо пристигнала.

Откако мажот кога ги видел полицајците тргнал кон нив со нож, еден од полицајците го убил. Напаѓачот на лице место им подлегнал на повредите.

Очевидци на овој настан, кој се случил синоќа после 18 часот, тврдат дека го слушнале напаѓачот како извикува „Алаху акбар“.

Што се однесува до нападнатите патници, тие се здобиле со полесни повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија