Германската полиција уапси четворица германски државјани под сомнение дека планирале киднапирање на германскиот министер за здравство Карл Лаутербах и уништување на енергетски капацитети за да предизвикаат прекини на струја низ целата земја.
– Двајцата главни осомничени се договориле со останатите да го нападнат сојузниот министер за здравство – изјави портпаролот на обвинителството во Кобленц, потврдувајќи го извештајот на германската телевизија АРД.
Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој
Обвинителството претходно соопшти дека група луѓе зад групниот разговор наречен „Обединети патриоти – Германија за обединети патриоти“ планирале да создадат услови слични на граѓанската војна и на крајот да го урнат демократскиот систем во Германија.
Во соопштението се наведува дека властите вчера извршиле претрес на 20 згради во неколку германски провинции, а при претресот било запленето оружје, меѓу кои огнено оружје, муниција и пушка калашников, како и пари во евра и девизи, златни прачки и сребрени монети.
Обвинителството соопшти дека групата планирала и киднапирања на други познати јавни личности, но не е прецизирано кои биле метите.
Обвинителството побара судот да распише потерници за четворицата приведени.
Петтиот осомничен сѐ уште е во бегство, пишува Ројтерс.