Едно лице загина, а 25 се повредени во судир на брз воз и камион во Хамбург, Германија.
Во несреќата шест лица се тешко повредени, соопшти германската полиција.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, еден од патниците во возот бил германскиот телевизиски комичар Бернхард Хокер (54), кој во несреќата се здобил со полесни повреди.
Според извештаите, возот, во кој имало повеќе од 290 патници, се судрил со камион кој превезувал делови од шините.
Иако се уште не е позната точната причина за несреќата, очевидци изјавија дека камионот се обидел да го помине железничкиот премин токму во моментот кога се затвориле бариерите, оставајќи го задниот дел од камионот на шините.
Повредените патници се евакуирани и транспортирани со автобуси до блиската станица. Повредениот сопатник имал 55 години и починал на местото на настанот.
Причината за несреќата се уште е нејасна, а возачот на камионот е приведен на распит.
Според информациите од федералната полиција, несреќата се случила и покрај итното сопирање на возот.
Полицијата и спасувачките служби распоредија хеликоптер за да помогне во евакуацијата на повредените.
Возачот на камионот е во притвор и ќе одговара за убиство од небрежност и попречување на железничкиот сообраќај.