Германија: Претреси во 54 објекти, сомнежи дека Исламскиот центар го поддржува Хезболах

Сподели со своите пријатели

Германското Министерство за одбрана денеска соопшти дека врши претреси во 54 објекти поврзани со Исламскиот центар во Хамбург.

Loading...

Според извештаите, Исламскиот центар е осомничен за дејствување против уставниот поредок и за поддршка на проиранската милитантна група Хезболах, пренесува Ројтерс.

Според „Шпигел“, полициски службеници извршиле претрес и во седиштето на Исламската заедница на шиитите во Германија.

Весникот наведува дека германските власти се надеваат дека ќе најдат докази кои ќе бидат доволни за целосно затворање на Исламскиот центар.

Минатата година во Бундестагот беше поднесен предлог за затворање на Исламскиот центар, за кој се тврди дека е центар на иранскиот режим во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек

По нападот на палестинскиот Хамас врз Израел на 7 октомври, Бундестагот едногласно побара од федералната влада „да работи на затворање на Исламскиот центар во Хамбург“.

Исламскиот центар ги отфрла наводите дека тие се инструмент на иранската влада и велат дека тоа се „неправедни обвинувања“.

„Исламскиот центар ги осудува сите форми на насилство и екстремизам и секогаш се залагал за мир, толеранција и меѓурелигиски дијалог“, соопшти организацијата.

Loading...