Германија ќе купи 600 ракети „Патриот“ од САД во вредност од пет милијарди долари, а германската армија ќе добие обука и резервни делови, објави Стејт департментот.
Loading...
Во соопштението објавено во четвртокот се вели дека САД одобриле продажба на стотици ракети-пресретнувачи од најновата генерација на Германија за употреба во системите за противвоздушна одбрана Патриот, пишува Politico.
Забележано е дека продажбата ќе ја поддржи целта на Германија да ја подобри националната одбрана, како и интероперабилноста со силите на САД и НАТО.
Германија нарача осум системи Patriot оваа година за 2,4 милијарди долари.
Како дел од воената помош за Украина, германската влада донираше три ракетни системи Патриот.