Германија: Избран градоначалник со помош на киндер јајца

Сподели со своите пријатели

Во малата германска општина Altenplein bei Stralsund, нов градоначалник беше избран по пат на лотарија, бидејќи првите двајца кандидати имаа ист број гласови.

Loading...

Општинските власти беа принудени да импровизираат, па користеа пластични „киндер“ јајца за да изберат нов градоначалник.

За нов градоначалник е избран Мартин Дидрих, независен кандидат, кој ќе раководи со општината во следните пет години.

На изборите во општината со околу 1.000 жители, Дидрих и неговиот противкандидат Јенс Ребигер на изборите во неделата добија по 204 гласа.

Поради ист број гласови, прашањето за градоначалник мораше да се решава со ждрепка, според покраинскиот закон за локални избори.

„Користевме „киндер“ јајца, односно пластична жолта топка која обично содржи играчка“, објасни Инес Матерна-Браун.

Таа призна дека инспирацијата за можностите како да се избере градоначалник нашле на iнтернет врз основа на сличен случај во друга германска општина.

„Имавме чоколадо по изборите“, се пошегува Матерна-Браун во изјавата за новинарите.

Loading...