Германија ги полни резервите на гас побрзо од очекуваното

Сподели со своите пријатели

Германија ги обновува своите испораки на гас побрзо од очекуваното и покрај драстичното руско намалување на снабдувањето и треба да ја исполни рано октомвриската цел, соопшти германската влада.

Loading...

Минатата недела германскиот енергетски регулатор рече дека земјата најверојатно нема да ги исполни своите цели.

Сепак, владата рече дека мерките за заштеда на енергија во последниве недели и големото купување гас од други добавувачи забележале значителен напредок.

– И покрај тешките околности, резервите се пополнуваат побрзо од очекуваното – изјави министерот за економија и клима Роберт Хабек.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари