Гаспром бара отштета од Бугарија

Сподели со своите пријатели

Руската гасна компанија Гаспром побара од Бугарија да плати компензација откако Софија одби да плати за гас во рубли минатата година, според вршителот на должноста бугарски министер за енергетика Росен Христов.

Loading...

Гаспром ја прекина испораката на гас, од која Бугарија беше речиси целосно зависна, на крајот на април минатата година, кога таа земја, заедно со другите членки на ЕУ, одби да плати за гас во рубли по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува Б92.

„Тие сакаат да им платиме нешто што мислат дека им должиме. Преписката е во тек. Руската страна поднесе барања за одредена сума пари, а ние одговоривме. Не сакам дополнително да коментирам, заради доверливост“ – изјави Христов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Долгорочниот договор за снабдување со гас меѓу Гаспром и Бугарија, според кој Бугарија е обврзана да го плаќа гасот во долари, истече на крајот на минатата година.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.