Руската Федерална служба за безбедност идентификуваше уште еден член на украинската диверзантска група вклучена во убиството на руската новинарка Дарија Дугина.
Ова го пренесува РИА Новости повикувајќи се на Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
Руската специјална служба утврдила дека убиството на Дугина, заедно со Украинката Наталија Вовк, во Москва го подготвил уште еден украински диверзант – Богдан Петрович Циганенко, роден во 1978 година, кој патувал во Русија преку границата со Естонија.
Објавено е и видео со негова слика.
ФСБ опубликовала видео, на котором, как утверждается, второй участник убийства Дугиной – гражданин Украины Богдан Цыганенко. Видео: РИА Новости pic.twitter.com/UUrsNdYzY1
— Фото/Видео (@FotoVid81878667) August 29, 2022
Според податоците на ФСБ, тој пристигнал во Русија транзитно преку Естонија на 30 јули 2022 година и ја напуштил руската територија еден ден пред Дарја Дугин да биде убиена.
ФСБ соопшти дека Циганенко и дал на Вовк лажни регистарски таблички и документи на име на вистински државјанин на Казахстан, Јулија Заико.
Покрај тоа, Циганенко, заедно со Заиков, составиле импровизирана експлозивна направа во изнајмена гаража во југозападниот дел на Москва.
Автомобилот со кој управувала Дугина беше кренат во воздух вечерта на 20 август во Подмосковље.
Според ФСБ зад убиството на новинарот стојат украински специјални служби, а сторителот е државјанката на Украина, Наталија Вовк.