ФСБ спречи терористички напад во Калининград

Сподели со своите пријатели

Припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсија жител на Калининград под сомнение дека планирал терористички напад врз објектите на Балтичката флота и аеродромот Храброво, по инструкции на украинскиот баталјон Азов, соопшти денеска ФСБ.

Loading...

Во соопштението се прецизира дека се работи за локален жител роден 1967 година, државјанин на Русија.

Како што се посочува, пријавениот го признал делото и против него е поведена кривична постапка за делата „подготовка за терористички акт“ и „недозволено производство на оружје“, пренесува РИА Новости.

Се додава дека во неговата куќа била пронајдена бомба од домашно производство со околу пет килограми ТНТ, како и преписки со активни членови на Азов, пропагандна литература и симболи на таа организација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.