Французите од денеска можат да излегуваат само со потврда за движење

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер им нареди на граѓаните кои треба да излезат да носат сертификат за оправдување на движењето, што е ограничено како дел од борбата против ширењето на новиот коронавирус, објави денеска парискиот весник Монд, додавајќи дека оние кои нема да имаат таква потврда ќе добијат казна од 135 евра.

Loading...

Движењето ќе биде можно само со тоа парче хартија кое треба да го поплни лицето кое ќе излезе.

На тој лист хартија, копија која беше објавена од Монд, излезената личност треба да обезбеди лични податоци – име, презиме, датум на раѓање, адреса и причина за излегување.

Мапа за следење на коронавирусот во Македонија

Постојат пет причини за излегување: одење на работа ако деловните активности не можат да извршуваат од дома, одење во маркет, излегување од здравствени причини, излегување од семејни причини (помагање на чувствителни луѓе или бебиња) и излегување близу до дома за потреби на вашето домашно милениче .

Документот мора да биде потпишан и датиран.

Весникот наведува дека сертификатот е задолжителен според наредбата издадена од француските власти на 16 март, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот.

Франс Блеу Радио денес објави дека формата на документот може да се преземе и печати од веб-страницата на Министерството за внатрешни работи или да се напише рачно, на обична хартија.

Loading...

Кривични пријави за сите што ќе шират лажни вести за коронавирусот

Ако излезот е оправдан со одење на работа, должно е работодавачот да го достави документот и да го потпише со работникот.

Секој што ќе биде затечен без тоа одобрение од полицијата или војската ќе биде казнет со парична казна од 135 евра.

Околу 100.000 припадници на безбедносните сили биле регрутирани да го надгледуваат ваквото ограничено движење на граѓаните низ Франција.

Оваа мерка, со задолжителен документ, стапи во сила денес и ќе трае најмалку 15 дена.

Во Франција се потврдени повеќе од 6.600 случаи на инфекција со коронарнавирусот, а починале 148 лица.

САД прогласија вонредна состојба

Франција е подготвена да ги национализира компаниите доколку е потребно.

Loading...

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави денеска дека неговата земја е подготвена да ги штити француските компании загрозени од епидемијата на коронавирусот на сите начини, вклучително и со национализација.

„Јас нема да се колебам да ги искористам сите ресурси на располагање за да ги заштитам големите француски компании“, рече Ле Мер на прес-конференција.

Според него, тоа може да биде преку капитализација или инвестирање во капитал.

Унгарија прогласи вонредна состојба на целата територија

„Можам дури да ја користам и национализација ако тоа биде потребно“, рече францускиот министер.

Leave a Reply