Франција зимава можеби ќе исклучува струјата на два часа

Сподели со своите пријатели

Енергетската криза предизвикана од руската војна во Украина може да доведе до двочасовно прекинување на струјата за француските домаќинства во најлошото сценарио оваа зима, предупреди француската премиерка.

Loading...

Елизабет Борн рече дека проблемот е делумно предизвикан од последиците од војната, но и од планираното затворање на околу половина од француските нуклеарни реактори заради одржување.

„Тоа значи дека произведуваме помалку струја и можно е, ако е многу студено, да има моменти во кои ќе имаме проблеми со снабдувањето со електрична енергија“, изјави таа за телевизијата ТМЦ, додавајќи дека во тие случаи струјата ротирачки ќе се исклучува кон соседството.на четвртина по два часа.

Таа рече дека потенцијално може да се воведат ограничувања за гасот за компаниите.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.