Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Сподели со своите пријатели

Франција има намера да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави француската премиерка Елизабет Борн за радио станицата RTL, пренесува Хина.

Loading...

„Тоа е важно јавно здравствено прашање“, рече Борн, додавајќи дека владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, за која рече дека е одговорна за 75.000 смртни случаи годишно во Франција.

Овие уреди создаваат навики кај младите кои можат да доведат до зависност од тутун, додаде таа.

Планови за контрола на тутунот и алкохолот

Но, Владата нема намера следната година да го зголеми данокот на тутунските производи по годинешното зголемување, рече премиерот.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги претстави плановите за ограничување на потрошувачката на тутун и алкохол во 2021 година, ветувајќи дека ќе обезбеди повеќе места за непушачи, а до 2030 година сака да ги направи сите 20-годишници непушачи.