ФК Куманово: Градот остана без уште еден фудбалски терен

Сподели со своите пријатели

„Куманово остана без уште еден фудбалски терен“, реагираат денеска од Фудбалскиот клуб Куманово откако викендов беше изоран фудбалскиот стадион МИО.

Loading...

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме реакцијата на клубот:

„Иако во Куманово недостасуваат тревнати фудбалски терени и има потреба од нови фудбалски терени,за жал кумановски деца останаа уште без еден терен.

Како наводно дознаваме концесионерот, кој концесија доби од државата пред повеќе од 20 години и на кој концесијата е во завршна фаза да му се раскине и да се даде на владение на општина Куманово со одлука на влада како впрочем и сите спортски објекти во државата. Концесионерот во сабота рано наутро од непознати причини го изорал фудбалското игралиште на кое дневно тренираат околу 150 деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Дали вака концесионерите ги одржуваат фудбалските терени? Вака ли се реконстриира фудбалски терен? Со вакви ли концесионери тренери ке го развиваат фудбалот и спортскиот дух кај децата?“ – стои во реакцијата на ФК „Куманово.