СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.К. (46) од Кочани, управител на ДПТУ „Плеј-Ин“ од Кочани и правното лице ДПТУ „Плеј-Ин“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.
Имено, Т.К., како управител, во периодот од 2015 до 27.02.2016 година, на два компјутери поставени во деловниот објект, неовластено употребувал нелиценциран заштитен софтвер, за кој не приложил фактура за набавка на ЦД со лиценциран софтвер и налепница издадени од носителот на заштитниот софтвер „Микрософт Виндовс ХП“.