Социјалните мрежи одамна станаа платформи на кои наизглед сите имаат совршени животи. Многу млади луѓе минуваат часови и часови уредувајќи ги фотографиите за да пред своите следбеници и пријатели се покажат во најдобро светло.
Но, изгледа дека полека стануваат уморни од глумење совршенство затоа што се повее млади прибегнуваат кон новиот тренд, т.н. „Финстаграм“.
„Финстаграм“ или скратено „Финста“ е „лажен“ Инстаграм профил на кој се дозволени несовршености.
Најчесто се приватни и пристапот кон нив е дозволем само за најблиските рпијатели. На ваквите профили сопственицит еможе да постираат што посакаат: фотографија без шминка, лошо направено селфи, бројни мемови и слични работи кои не можат да ти постираат на „вистинскиот“ провил за да не ја нарушат сликата која ја испраќаат во јавноста.
Трендовите на социјалните мрежи стануваат се повеќе бизарни, но овој отскокнува поради иронијата. на вистинските профили достапни се фотографии од лажна реалност, додека на корисниците им е потребен лажен профил за да навистина можат да се изразат.
Некои од сопствениците на „Финстаграм“ сепак тврдат дека кај нив не постои значителна разлика измеѓу вистинските и лажните профили, но дека таму имаат поличен пристап и чувствуваат помало оптеретување.
Loading...