Финската државна железничка компанија „ВР Груп“ целосно ќе го запре транспортот на стока во Русија до крајот на годинава, изјави денеска извршната директорка на компанијата Елиса Маркула.
Loading...
„Товарниот сообраќај кон исток целосно ќе биде прекинат најдоцна до крајот на оваа година“, рече таа, објави весникот „Каупалехти“.
Финската компанија до крајот на септември го намали товарниот сообраќај кон Русија за 65 отсто, додава ТАС С.
Оваа пролет, Финска објави дека има намера целосно да го прекине железничкиот товарен сообраќај кон Руската Федерација.
„ВР Груп“ на 28 март на неодредено време го прекина патничкиот сообраќај на линијата Хелсинки – Санкт Петербург.