ФИНКИ и Факултетот за физичка култура – дел од ”Скопје 2014”

Сподели со своите пријатели

Конечно е обелоденет изгледот на двата нови објекти што ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ, на просторот спроти трговскиот центар „Мавровка“, стои во објавата на порталот Билд.мк.

Loading...

Според објавата, се работи за идните згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, кои ќе се градат според идејните решенија на Жарко Чаушевски, архитект кој стои зад најголем дел од проектите во духот на „Скопје 2014“.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

 

 

Чаушевски победи на конкурсот во конкуренција на 17 пристигнати трудови (7 за ФИНКИ и 10 за Факултетот за физичко образование), а изборот го спроведе жири комисија во состав: Александар Јанакиевски, раководител на секторот за урбанизам во Град Скопје; Вујица Живковиќ, декан на Факултетот за физичка култура при УКИМ; Кристина Радевски, вработена во општина Охрид; Наташа Хаџи Лега, поранешна директорка на Директоратот за технолошко индустриски развојни зони и Милош Стокуќа. Одлуката на комисијата предизвика револт кај македонската архитектонска јавност.

 

Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Loading...

Паралелно со објавувањето на избраните идејни решенија, Министерството за образование и наука денеска објави тендер за изградба на објектите.

Двете згради ќе имаат вкупна површина од 11.238 метри квадратни, а Министерстовото проценува дека трошоците за реализација на проектот ќе изнесуваат 13,6 милиони евра. Претходно фирмата „Архитектоника“, која исто така се поврзува со Жарко Чаушевски, набрзина, во период од два месеци ги изработи основните проекти, за што и беа исплатени 305 илјади евра.

Извор и фото: Буилд.мк

 


Leave a Reply