Филипини: Се бара оставка од врвот на полицијата поради вмешаност во трговија со дрога

Сподели со своите пријатели

Филипинскиот министер за внатрешни работи Бенџамин Абалос Јуниор денеска соопшти дека побарал од сите полициски генерали и полковници да поднесат оставка поради сомневање за вмешаност во трговија со дрога.

Loading...

„Околу 300 полицајци се опфатени со директивата, што беше препорачано од шефот на националната полиција, кој исто така ќе поднесе оставка“, рече Абалос на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој нагласи дека има голем проблем во полицијата и дека голем број генерали и полковници се вклучени во трговијата со дрога.

Десетици полицајци се уапсени или отпуштени од нивните должности и под истрага за нивна вмешаност или осомничена вмешаност во трговија со дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Платени убијци осомничени за убиството на претседателот на Хаити се екстрадирани во САД

Абалос наведе неодамнешен случај кога службениците за спроведување на законот продавале дрога во нивната канцеларија.

Филипинската Агенција за борба против дрога беше опфатена со рации, апсења и отпуштања во последните месеци.

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте претходно беше критикуван од меѓународната заедница за неговата војна против шверцерите на дрога, во која, според полицијата, загинале повеќе од 6.200 осомничени.

Групите за човекови права наведоа поголем број на жртви и обвинија некои полицајци за фабрикување докази за да се чини дека жртвите насилно се спротивставиле на апсењето.

Loading...

Во ноември, началникот на националната полиција на Филипините, Родолфо Азурин Јуниор, изјави дека им наредил на органите за спроведување на законот да го минимизираат убивањето на луѓето вклучени во трговијата со дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена прва фотографија од радиоактивната капсула што Рио Тинто ја загуби во Австралија (ФОТО)

Тој најави дека ќе се формира комисија која ќе ги контролира полициските службеници и ќе утврдува дали се вмешани во нелегална трговија со дрога и додаде дека тие што не се инволвирани немаат потреба да се грижат.