Филипини: Поплави и свлечишта, 130 загинати

Сподели со своите пријатели

Тропската бура Налга ги погоди Филипините, а 130 лица загинаа во поплавите и повеќекратните лизгања на земјиштето, додека повеќе од 100 се повредени, а 33 се водат како исчезнати.

Loading...

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос со хеликоптер ја обиколи јужната покраина на Филипините најпогодена од катастрофата и доби увид во штетите, пренесува Ројтерс.

„Кога ги посетивме областите кои најмногу настрадаа, забележав дека смртоносните одрони се случија во планините кои беа соголени поради интензивното уништување на шумите што трае со години“, рече Маркос.

Налге е веќе 14-ти циклон што ги погоди Филипините оваа година, а овој пат најтешко беше погоден јужниот автономен регион Бангсаморо.

Вкупната штета од невремето на земјоделците се проценува на 22 милиони долари, а оштетена е и инфраструктура вредна 13 милиони долари.