Филип Додевски ќе учествува во специјализарана програма на Европската ракометна федерација

Сподели со своите пријатели

Членот на управниот одбор на ЖРК Куманово, Филип Додевски е примен на сертифицираната програма European Handball Manager 2022/23 што ја организира ЕХФ во соработка со German Sport University Cologne од Германија.

Loading...

Програмата се одвива на секои две години на англиски јазик и се состои од пет интердисциплинарни модули.

Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои ги учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија.

„По препорака на главниот менаџер на форумот на европски женски клубови Герд Бутзек, и членот на управниот одбор на Ѓер – Тамаш Сзабо аплицирав и успеав да влезам меѓу 20 луѓе што ќе учествуваат на сертифицираната програма European Handball Manager. Се надевам дека со успех ќе го претставам нашиот клуб, град и држава и во 2023 ќе се стекнам со сертификатот“ – изјави Филип Додевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Менаџерите од врвните европски клубови, како што се THW Kiel, Telekom Veszprem HC и Györi Audi ETO KC, како и ракометните асоцијации и лиги во Европа, веќе успешно го завршија Европскиот ракометен менаџер и сега имаат корист од стекнатото знаење и вештини.

Вкупно се примаат 20 апликанти.