Популарната социјална мрежа Фејсбук најави почеток на пилот проект во кој ќе се наплаќа членството во групите.
Пилот проектот започна вчера, а ќе биде применуван на неколку Фејсбук групи чии корисници ќе добијат известување дека за понатамошното членство во групата ќе мора да платат членарина.
Како причина за промена на досегашната политика базирана врз бесплатна услуга, се наведува желбата да се пружи поддршка на администраторите на групите кои со својот труд и секојдневен ангажман допринесуваат во квалитетот и разновидноста на мрежата.
3 магични љубовни ритуали: Еве што треба да направите за да ја привлечете сродната душа