Фатен разбојникот кој изнуди пари во ”Плеј Ин”

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Б.М.(34) од с.Батинци-скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со разбојништво.

Loading...

На 21.12.2014 година, околу 21,30 часот, во Куманово на ул. „Гоце Делчев“ во обложувалницата „Плеј Ин“, М.Р.со закана со пиштол извршил разбојништво над двајца вработени одземајќи 39.500 денари од прометот и мобилен телефон во вредност од 3.000 денари

. По ова, истиот во кафе бар во Скопје мобилниот телефон му го продал на второпријавениот за 1.000 денари иако знаел дека потекнува од кривично дело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

 

Leave a Reply