Езеро во кое „паметните“ од Инстаграм се фотографираат бидјеќи е токсично (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тиркизното езеро во Сибир со кое девојки од Инстаграм сакаат да позираат за селфи,с војата привлечна боја ја должи на токсичниот отпад од блиската електрана.

Loading...

Езерото наречено „Малдиви Новосибирска“, поради тропскиот изглед совршено е за бројни инфлуенсери, но причина е што таа примамлива боја ја дава калциум хлорид и други метални оксиди од блиската електрана, пишува ВВС.

Езерото Титикака е бисер на природата, а еве како изледа животот на „кровот на светот“ (ФОТО)

Руската енергетска компанија која управува со постојката, ги повикала луѓето да не се приближуваат до водата, но изгледа дека нивното строго предупредување предизвикало само контраефект. Една корисничка на Инстаграм покрај својата фотографија од брегот на езерото напишала: „Не е Чернобил, секако, но се уште е опасно“.

Друг кој означил електрана на Инстаграм, објавил фотографија на која се опушта на гума за пливање во форма на еднорог.

10 години паѓале обилни дождови, а потоа на езерото се активирал гигантски одвод

– Не е опасно да се плива тука. Следното утро нозете ми беа малку црвени и ме чешаа два дена, но се беше добро потоа. Но, зошто да не го направите тоа поради ваква фотографија?“ напишал тој, но подоцна сепак додал дека „водата има кисел вкус“.

„Siberian Generating Company“, компанијата која ја води електраната, објави предупредување на популарната руска социјална мрежа ВКонтакте: „Не пливајте во езерото. Водата е многу алкална. Тоа е затоа што во неа има соли на калциум и други оксиди на метали. Контакт со таква вода може да предизвика алергиска реакција“.

Loading...

Ова езеро во Пакистан е старо само девет години, но поради бојата е веќе атракција (ВИДЕО)

Исто така, ги предупредуваат луѓето дека постои опасност од давење во езерото, односно дека можат да се заглават во пеплта на дното, па со големи букви напишале „ЗАТОА ВЕ МОЛИМЕ – НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ТАМУ ВО ПОТРАГА ПО СЕЛФИ“.

Фото: Instagram printscreen/tweezer_nsk

Leave a Reply