Езерото Титикака е бисер на природата, а еве како изледа животот на „кровот на светот“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Езерото Титикака се наоѓа во Перу на 3.812 метри надморска височина и нераскинливо е поврзано со индијанскиот народ Ајмара.

Loading...

Под велот на легендата

Секој агол на овој предел, вклучително и езерото и неговото крајбрежје, свети се за припадниците на Ајмар народот. На врвовите кои парираат на небото над брегот на езерото „живеат богови“, а некои врвови претставуваат божество.

Воата на езерото Титикака, според легендата, е матица од која се родил Виракоч, а тоа е брадест бел претставник на Сонцето на Земјата.

Нему Ајмари му должат се, со оглед дека тој ги научил Земјаните како да градат домови, одгледуваат храна и прават традиционални чамци од трска.

Со векови Ајмари господареле со овие области во совршена хармонија со природата. Дури во 1535 година шпанските освојувачи во потрага по злато доаѓаат до овие простори.

Loading...

Иако не биле премногу заинтересирани за природните убавини, биле маѓепсани со сликата која ја виделе: сино езерот од сите страни опкружено со високи планини прекриени со светол снег и ледени и живописни чамци од трска кои превезуваат локално население.

Живот на височина

Големата надморска височина и големата водена површина на неа, ги диктираат правилата на живот околу Титикака. Жителите кои живеат околу него се поинакви, природата им подарила поголем капацитет бели дробови и срца за да можат да се прилагодат на суровите животни услови и намалениот кислород во воздухот.

Веројатно тие сурови услови допринеле многубројни припадници на Ајмар и денес да живеат на ист начин како кога пред многу векови ги затекнале освојувачите. Тие живеат мирно и во ритамот на природата. На брегот на езерото градат сплавови од трска и скромни куќи. За исхрана користат само она што ќе им го подари езерото со зеленчукот кој самите го одгледуваат.

Loading...

Од домашни животни најчесто имаат лами карактеристички за овој дел од светот, а кои неретко го завршуваат животот како жртви во некој од ритуалите.

Со зголемениот развој на туризмот Ајмари и нивниот стил на живот претставуваат вистинска атракција со се поголемата загрозеност поради мешањето на културното влијание.

Оваа езерот е највисоко во светот кае може да пловат и поголеми пловни објекти. Првиот таков е довезен на висорамнините и прв пат запловил во 1862 година.

Парабродот заминал во пензија, а денес во Титакака крстарат модерни пловила поврзувајќи неколку поголеми паруански и боливиски пристаништа на неговите брегови.

Loading...

Leave a Reply